• сабота, 23 ноември 2024

Андонов: Фирмите кои со манипулации влегле на регулираниот пазар, од јануари автоматски ќе бидат вратени на слободниот пазар

Андонов: Фирмите кои со манипулации влегле на регулираниот пазар, од јануари автоматски ќе бидат вратени на слободниот пазар
Скопје, 10 ноември 2022 (МИА) - Фирмите кои со манипулации влегле на регулираниот пазар, од јануари автоматски ќе бидат вратени на слободниот пазар, вели соработникот за енергетика во Владата на Република Северна Македонија Виктор Андонов.
На медиумскиот интерес за тоа како ќе се постапи со манипулациите на 12.000 фирми во земјава што се вратиле сами на регулираниот пазар, како што е наведено во соопштението од владината прес-служба Андонов истакна дека заради спречување на злоупотребите од страна на некои правни лица, Владата донесе одлука за регулирање на овој проблем.
-Со таа одлука точно е наведено дека доколку наведените правни лица до крајот на годината не се вратат самите на слободниот пазар, операторот на дистрибутивниот систем, како носител на лиценца која функционира врз основа на Законот за енергетика, ќе има обврска автоматски од први јануари 2023 година истите да ги врати на слободниот пазар, информираше Андонов. дма/лв/

Остани поврзан