• петок, 05 декември 2025

Андоновски: Имаме план и програма за Гостивар, за почист град, за безбедни улици, за сигурна вода, модерна инфраструктура

Андоновски: Имаме план и програма за Гостивар, за почист град, за безбедни улици, за сигурна вода, модерна инфраструктура

Гостивар, 29 септември 2025 (МИА) – Мартин Андоновски, носител на листата за членови на Совет на општина Гостивар од коалицијата „За твоја Македонија“ на почеток на изборната кампања во своето обраќање денес посочи дека еден од приоритетите е заложбата на идните советници на чистотата и хигиената во градот.

- Гостивар заслужува чисти улици, уредни јавни простори, сигурна вода и безбедни улици за сите. Градот има предизвици со сметот, канализацијата и кучиња на улиците. Но, секој предизвик има и решение, а ние имаме план и програма како да го решиме, рече Андоновски.

Тој се осврна и на проблемите со водата за пиење, за како што рече, таа мора да биде сигурна и чиста, а секоја населба да има соодветна канализациска инфраструктурна мрежа. Носителот на листата од предводена од ВМРО ДПМНЕ, се заложи за воспоставување на системско решение за хуман третман и намалување на бројот на кучиња на улиците.

Андоновски се осврна на работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека покажа како централната власт помага на локалната.

- Гостивар не беше заборавен. Без разлика на партиска, етничка или пак национална припадност, оваа Влада работи за секој еден од нас, рече тој.

Андоновски ја побара поддршката од гостиварци и кажа дека имаат план и програма како да ги решат барањата на граѓаните за како што нагласи, почист град, за безбедни улици, за сигурна вода, модерна инфраструктура и повеќе простор за сите.  згм/

Фото:  ОК ВМРО ДПМНЕ

Остани поврзан