Андов го објави списокот со повикани фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Словенија
- Селекторот на македонската женска фудбалска репрезентација, Александар Андов, денес го објави списокот со повикани фудбалерки за претстојните натпревари со Летонија и со Словенија од квалификациите за пласман на Европското првенство 2025.

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Селекторот на македонската женска фудбалска репрезентација, Александар Андов, денес го објави списокот со повикани фудбалерки за претстојните натпревари со Летонија и со Словенија од квалификациите за пласман на Европското првенство 2025.
На списокот на Андов се наоѓаат:
голманки: Берна Кабакчи, Викторија Панчурова и Кристина Павлоска;
одбрана: Ана Милчевска, Ане Бошевска, Павлинка Николовска, Викторија Недева, Катерина Милевска, Кристина Мојсоска, Елена Панеска и Елена Петревска;
среден ред: Маријана Нацева, Радица Велкова, Хава Мустафа, Александра Марковска, Симона Мајер, Лечне Андрееска, Ихмете Лимани и Наташа Андонова ;
напад: Јилза Максути, Гентијана Рочи, Лора Сулејмани, Афродита Салихи и Јована Павловска.
Македонките со Летонија ќе играат на 12 јули во Скопје, четири дена подоцна (16 јули) ќе и гостува на Словенија. зс/
Фото: ФФМ