• среда, 25 декември 2024

Англиските пациенти први во светот со пристап до „седумминутна инјекција“ за лекување рак

Англиските пациенти први во светот со пристап до „седумминутна инјекција“ за лекување рак

Лондон, 30 август 2023 (МИА) - Британската Национална здравствена служба (НХС) ќе биде првата во светот што на стотици пациенти во Англија ќе им понуди „седумминутна инјекција“ за лекување рак.

 - Ова прво воведување на овој третман во светот ќе значи дека стотици пациенти ќе можат да минуваат помалку време в болница и заштедување драгоцено време во единиците за хемотерапија на НХС. Одржувањето најдобар можен квалитет на живот за пациентите со рак е од витално значење, така што воведувањето побрзи инјекции ќе направи значителна разлика, изјави Питер Џонсон, директор на Одделот за рак на НХС за Англија.

По одобрението од Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (МХРА), НХС за Англија соопшти дека стотици пациенти кои ги исполнуваат условите за имунотерапија ќе ја добиваат инјекцијата секоја година. Според наводите, времето на лекување на некои пациенти кои имаат рак ќе се скрати до три четвртини. Многумина од нив сега ќе примаат терапија со новата инјекција, наместо интравенската што трае 30 до 60 минути.  си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан