• сабота, 23 ноември 2024

Англиските клубови повторно го предводат пазарот: Летово потрошиле 1,69 милијарди долари на трансфери

Англиските клубови повторно го предводат пазарот: Летово потрошиле 1,69 милијарди долари на трансфери

Лозана, 3 септември 2024 (МИА) - Англија летово ја зацврсти својата доминација на трансфер пазарот во машкиот фудбал, пред многу други големи првенства. Ова го открива извештајот на ФИФА објавен денеска. Англиските клубови во периодот од 1 јуни до 1 септември потрошиле 1,69 милијарди долари на трансфери, привлекувајќи 526 нови играчи.

Ова е нешто помалку од летото 2023 година, кога Британците потрошиле 1,98 милијарди долари, што е три пати повеќе од Италија (825 милиони долари), Франција (697 милиони долари), Шпанија (599 милиони долари) и Германија (572 милиони долари).

Саудиска Арабија, која минатата година се искачи на второто место во однос на трошоците за трансфери, сега се лизна под Топ 5 со 431 милион долари, што е двојно помалку од летото 2023 година.

Во однос на продажбата, англиските клубови го надминаа рекордот на германските од минатата година, забележувајќи сума од 1,25 милијарди долари од продажбата на 523 фудбалери. Франција е на второ место по продажба со 756 милиони долари, пред Шпанија, Португалија, Германија и Италија. Прв надвор од Европа по продажба е Бразил со 278 милиони долари.

Генерално, бројот на трансфери е намален за 13% во однос на минатата година, но и покрај ова, има рекорден број на трансфери - 11.000.

Женскиот фудбал продолжува да бележи голем пораст на трансферите, со вкупен пораст од 31% во споредба со лани, со сите трансакции вредни 6,8 милиони долари. дс

Фото: Архива

Остани поврзан