• вторник, 24 декември 2024

Ангелов на работна средба со Габор Фришман, тим лидерот на ЕУ проектот Е 112

Ангелов на работна средба со Габор Фришман, тим лидерот на ЕУ проектот Е 112
Скопје, 24 февруари 2022 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов денеска заедно со дел од тимот на Секторот 112, одржа работна средба со имплементаторите од Европската Унија на Единствениот европски број за итни повици 112, предводени од Габор Фришман, тим лидерот на ЕУ проектот Е 112 во ЦУК. Оваа средба, како што соопшти ЦУК, е дел од последните чекори, подготовка, за пуштање на Единствениот број за итни случаи 112 на целата територија на нашата држава, што е планирано да се реализира наскоро, почнувајќи од месец март, годинава. мс/сп/

Остани поврзан