• вторник, 26 ноември 2024

Ангелов на меѓународна работилница за кризен менаџмент во Италија

Ангелов на меѓународна работилница за кризен менаџмент во Италија

Скопје, 29 септември 2022 (МИА) - Согласно максимата „За ваша безбедност“ на Европски центар за обука и истражување во земјотресно инженерство (EUCENTRE – FOR YOUR SAFETY), директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов учествуваше на меѓународна работилница за кризен менаџмент во Павија, Република Италија.

-Очекуваните резултати од работилницата и пошироката меѓународна проектна рамка се поврзани со подобрена прекугранична соработка и координација во управувањето со ризиците од катастрофи. Таквата активност и определеност се засновани врз развиени модели и алатки, како и подигање на јавната свест и подготвеност за катастрофи и воопшто со справувањето со ризиците и опасностите, се наведува во соопштението од ЦУК.

Работилницата е дел од проектот „Сеопфатна процена на ризикот на основните услуги и транспортната инфраструктура“ (CRISIS-Comprehensive RISК assessment of basic services and transport InfraStructure) и се спроведува во рамките на програмата на Европската комисија, која се однесува на прекугранична соработка во областа на цивилната заштита и намалувањето на ризици од катастрофи.

Центарот за управување со кризи и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС при УКИМ), заедно со партнерските институции UPT-FCE - Политехнички универзитет во Тирана, Градежен факултет, АУТХ – Аристотел универзитет во Солун, Грција заеднички го имплементират овој проект со цел подобрување на  управувањето со катастрофи и кризни состојби преку градење на усогласен и ефикасен систем за процена на ризик на основните услуги и транспортната инфраструктура во опфатениот прекуграничен регион.

На работилницатапокрај директорот Ангелов, учествуваат и Трајче Јовановски и Оливер Ристевски од Секторот за аналитика, процена и стратешко планирање во ЦУК. дма/са/

Остани поврзан