• сабота, 23 ноември 2024

Ангелов за МИА: Македонската кинематографија не е голема, но е една од позначајните во регионот

Ангелов за МИА:  Македонската кинематографија не е голема, но е една од позначајните во регионот

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Македонската кинематографија иако не е толку голема, е една од позначајните во регионот. Не многу кинематографии во регионот може да се пофалат со „Златен лав“, со неколку награди на „Санденс“ фестивалот и со три номинации за Оскар. Ние овој месец го посветуваме токму на заштита на филмското наследство, изјави за МИА директорот на Кинотека Владимир Ангелов по повод Светскиот ден на аудиовизуелно наследство - 27 октомври.

Во рамките на одбележување на денот, Кинотека денеска организира повеќе активности за подигнување на свеста за зачувување на аудиовизуелното наследство.

Ангелов информираше дека сите кои денеска ќе ја посетат Кинотека, ќе добијат бесплатни изданија – печатени и ДВД изданија на Кинотеката, како и организирана тура низ просториите и депоата на институцијата која се грижи за националното аудиовизуелно, односно филмско наследство.

Всушност, целиот месец октомври во Кинотеката е посветен на заштитата на филмското наследство, неговата промоција и подобрување на условите во кое се чува од заборав и уништување, а во насока на негова достапност до граѓаните. 

-Октомври го посветивме на заштитата на филмското наследство. По тој повод, овој месец објавивме блуреј издание на пет етнолошки македонски филмови кои што се комплетно реставрирани во Кинотеката. Ја објавивме и книгата на нашата колешка м-р Сунчица Симоновска-Веселиновска „Документарниот филм и идентитетот“, што ќе биде промовирана наскоро. Исто така, опремивме едно депо каде што ги чуваме нашите материјали. Ова е една пообемна работа која што ја извршува Кинотеката, потенцираше Ангелов за МИА.

Во однос на следните активности кои што ги организира Кинотека, Ангелов ја најави Неделата на јапонски филм, што ќе се одржи од 3 до 8 ноември. 

-Она што сега не очекува во рамките на и флмската програма е Недела на јапонски филм. Ќе има проекција на пет одлични современи јапонски филмови, а не очекува и Недела на шпански филм, што традиционално ја реализираме, како и Недела на полски филм. Тоа е она што ќе се случи до крајот на оваа година, покрај редовниот репертоар. Знаете дека ние прикажува по еден до два филма дневно. Инаку, од 15 ноември до 15 декември ќе бидеме дел од акцијата „Месец на европски филм“, така што во тој период генерално ќе сме фокусирани на европските филмови, најави директорот на Кинотека.

Прашан за ставот околу тоа колку македонската кинематографија е препознаена и почитувана во регионот, со оглед на трудот кој го вложуваме во заштитата на филмското наследство, Ангелов потенцираше дека оваа година ја одбележаа повеќе филмски настани.

Кинотеката на Република Северна Македонија соопшти дека сите јавни активности и проекции ги одложуват за 14 дена, почнувајќи од денеска до 24 март 2020 годинава. 

-За мене, оваа година беа одбележани повеќе филмски настани. Годината ја одбележа не само филмот кој што беше прикажан во Венеција - „Домаќинство за почетници“, туку и филмот „Мементо“ на Димитрие Османли од 67-ма година, кој што беше дигитализиран и во моментов се реставрира. Мислам дека овој месец ќе биде и завршена и реставрацијата на филмот. „Мементо“ беше прикажан во рамките на проектот „Сезона на класични филмови“ по повод годишнината од Скопскиот земјотрес, зато што и темата е за земјотресот во Скопје. Имаше проекција и во Шпанската кинотека и во Музејот на модерна уметност во Њујорк. Во моментов и Арте филмскиот канал го бара филмот за прикажување на нивната платформа. Мислам дека ова никогаш се нема случено во историјата на македонската кинематографија, појасни Ангелов.

Тој потсети дека овој месец во насока на популаризација на македонската кинематографија се одржаа проекции на македонски филмови не само во регионот, туку и пошироко.

-Имавме прикажување на македонски филмови во Црна Гора. Имавме убава ретроспективна селекција на македонски филмови, се прикажуваа филмовите на браќата Манаки на фестивал во Вилис. Кога се зборува за кинематографијата, мислам дека фестивалските резултати се многу важни, кога се зборува за значењето на една кинематографија. Македонската кинематографија иако не е толку голема, можам да кажам дека сигурно е една од позначајните во регионот. Со тоа се согласивме и со директорот на црногорската Кинотека, кој што има исклучително високо мислење за македоската кинематографија генерално, додаде Ангелов. бт/нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан