• вторник, 24 декември 2024

Ангажирани невработени лица од Крива Паланка за вршење јавни работи

Ангажирани невработени лица од Крива Паланка за вршење јавни работи
Крива Паланка, 10 август 2022 (МИА) - Вкупно петнаесет невработени лица од Општина Крива Паланка се ангажирани за вршење јавни дејности на подрачјето на општината преку програмата на Агенцијата за вработување за работно ангажирање за вршење јавни работи.
Програмата е финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување со кофинансирање од страна на општините.
- Оваа програма во Крива Паланка ќе се спроведува и опфаќа работно ангажирање на 15 невработени лица со ниски квалификации за вршење јавни работи кои се од општ интерес, а се од инфраструктурен карактер и заштита и унапредување на животната средина. Ангажираните лица ќе спроведуваат јавни работи како: чистење речни корита, канали, канавки, јавни површини и јавни пазари, чистење на патишта и улици, собирање отпад и чистење депонии, како и кастрење гранки и подигнување и одржување на зелени површини, информираат од службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.
Лицата ќе бидат ангажирани во период од еден месец. ид/мд/

Остани поврзан