• вторник, 26 ноември 2024

Анализа на Си-Ен-Ен: Во нападот на кампот во Рафа било употребено американско оружје

Анализа на Си-Ен-Ен: Во нападот на кампот во Рафа било употребено американско оружје

Газа, 29 мај 2024 (МИА) - Во смртоносниот израелски напад на кампот за раселените Палестинци во Рафа е употребено оружје од американско производство, се наведува во анализата на Си-Ен-Ен и експерти за експлозиви на видео снимки од тоа место.

Најмалку 45 лица, главно жени, деца и постари лица, загинаа, а повеќе од 200 се повредени кога избувна пожар по израелски напад во неделата во најјужниот град на Појасот Газа, според Министерството за здравство на Газа и палестинската служба за брза помош.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат дел од бомба со мал дијаметар ГБУ-39, изјавија за Си-Ен-Ен четворица експерти за експлозиви кои го прегледаа видеото.

ГБУ-39 е произведен од Боинг и е муниција со висока прецизност „дизајнирана да напаѓа стратешки цели“ и да резултира со мала колатерална штета, рече експертот Крис Коб-Смит.

Сепак, тој додаде дека употребата на каква било муниција, дури и со таа големина, секогаш претставува ризик во густо населена област.

Тревор Бол, поранешен член на тимот за деминирање, исто така го идентификуваше фрагментот ГБУ-39 на видеото. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан