Анализата на водата зa пиење во Скопје одговара на Правилникот на градското водоводно претпријатие
- Водата која граѓаните на Скопје ја користат за пиење од водоводната мрежа на ЈП Водовод и канализација – Скопје, одговара на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење,
Скопје, 2 ноември 2020 (МИА) - Водата која граѓаните на Скопје ја користат за пиење од водоводната мрежа на ЈП Водовод и канализација – Скопје, одговара на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во неделниот извештај на ова градско претпријатије.
- Секторот за санитарна контрола во периодот од од 26.10.2020 до 30.10.2020 зема 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје. оџ/ац/