Аморим ќе може да смета на Хевен по репрезентативната пауза
- Младиот талент на Манчестер Јунајтед, Ејден Хевен ќе се опорави и речиси сигурно ќе биде достапен по репрезентативната пауза.

Манчестер, 11 март 2025 (МИА) - Младиот талент на Манчестер Јунајтед, Ејден Хевен ќе се опорави и речиси сигурно ќе биде достапен по репрезентативната пауза.
Дефанзивецот, кој во зима беше привлечен од Арсенал, се повреди на натпреварот против Лестер и беше заменет, а на почетокот ситуацијата изгледаше многу позагрижувачка. По средбата, Рубен Аморим објасни дека младоста на Хевен не му дозволила да даде доволно јасно објаснување за природата на траумата и болката за медицинскиот персонал да донесе поконкретни заклучоци.
Англискиот печат пишува дека Хевен сега удобно се движи без заштитна чизма во „Карингтон“ и најверојатно ќе биде достапен за мечот со Нотингем Форест по паузата или барем за дербито со Манчестер Сити.
Првичните планови на „Олд Трафорд“ по потпишувањето на дефанзивецот беа да му дадат повеќе време да се аклиматизира во тимот, но многуте повреди го принудија да игра на последните неколку натпревари на „црвените ѓаволи“, па дури и почна како стартер во последните три, вклучувајќи ја и елиминацијата од Реал Сосиедад во Лига Европа. дс
Фото: Принтскрин