• среда, 25 декември 2024

Аморим на 24 ноември ќе дебитира на тренерското место во Манчестер јунајтед

Аморим на 24 ноември ќе дебитира на тренерското место во Манчестер јунајтед

Манчестер, 31 октомври 2024 (МИА) – Португалецот Рубен Аморим првиот меч на клупата на Манчестер јунајтед ќе го има на 24 ноември против Ипсвич. 

Тренерот на Спортинг и раководството на премиерлигашот од „Олд Трафорд“ денес постигнаа целосен договор за условите за соработка објави денес „The ​​Telegraph“.

Спортинг ќе добие отштета од 10 милиони евра. 

Привремениот тренер на Манчестер сити, Руд ван Нистелрој ќе го води тимот на натпреварите против Челзи, ПАОК и Лестер. Аморим ќе работи за Спртинг уште три натпревари, вклучувајќи го и натпреварот против Манчестер сити во Лигата на шампионите.

Се очекува денеска Спортинг да објави за договорот со Манчестер јунајтед. Аморим ќе потпише договор на две и пол години со опција за продолжување на уште една година. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан