• сабота, 23 ноември 2024

Американското разузнавање го информирало Трамп за закани со атентат од Иран

Американското разузнавање го информирало Трамп за закани со атентат од Иран

Вашингтон, 25 септември 2024 (МИА) - Највисоките функционери на американската разузнавачка заедница го информирале републиканскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп за заканите за атентат од Иран, изјави денеска портпаролот на кампањата на Трамп.

-Претседателот Трамп претходно беше информиран од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање за актуелните и конкретни закани за атентат од Иран во обид да ги дестабилизира САД и да предизвика хаос, рече портпаролот Стивен Чеунг, пренесе Ен-Би-Си Њуз (NBC News).

Претставниците на разузнавачката заедница заклучиле дека овие постојани и координирани напади се зголемиле во текот на изминатите неколку месеци и дека службениците од сите агенции работат на тоа да обезбедат Трамп да биде заштитен и дека претседателските избори се слободни и спроведени без мешање од надвор. 

Постојаната мисија на Иран во Обединетите нации во Њујорк не одговори веднаш на барањето за коментар на оваа информација.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан