Американски воени бродови пловеа низ Тајвански Теснец
- Американски воен ракетен разорувач и патролен брод на Крајбрежната стража на САД денеска пловеа низ Тајвански Теснец, што го одвојува Тајван од Кина, во рамките на рутински операции

Вашингтон, 28 август 2021 (МИА) - Американски воен ракетен разорувач и патролен брод на Крајбрежната стража на САД денеска пловеа низ Тајвански Теснец, што го одвојува Тајван од Кина, во рамките на рутински операции.
- Легалниот транзит на бродови преку Тајвански Теснец ја покажува посветеноста на САД за слободен и отворен Индо-Пацифик.. Армијата на САД, лета, плови и дејствува секаде каде тоа го дозволува меѓународното право, се наведува во соопштението на американската воена морнарица.
Кинеското Министерство за одбрана го осуди преминот на бродови на американската морнарица и на Крајбрежната стража низ Тајвански Теснец.
- САД е најголема закана за мирот и стабилноста и креатор на безбедносни ризици во Тајвански Теснец, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за одбрана.
Кина претходно го осуди и потпишувањето на договорот за соработка помеѓу Крајбрежната стража на САД и на Тајван. ми/