• вторник, 17 декември 2024

Американските стопански комори обединети за подобрување на регионалното бизнис опкружување

Американските стопански комори обединети за подобрување на регионалното бизнис опкружување
Скопје, 23 септември 2022 (МИА) - Американските стопански комори на Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија, одржаа работна средба за време на Конференцијата за паметни градови во Тирана и се согласија за понатамошно зајакнување на економската соработка и промовирање на можностите за развој. Американските стопански комори се заложија да продолжат да работат заедно за создавање на подобра деловна и инвестициска клима, отстранување на трговските пречки и поттикнување на слободното движење на капиталот, луѓето, стоките и услугите, соопшти денеска АмЧам Северна Македонија. Американските стопански комори се обврзуваат да ја унапредат својата меѓусебна соработка и да ги детектираат неискористените можности коишто би произлегле од зајакнувањето на нивните меѓусебни врски. Соочени со бројни предизвици, вклучувајќи ги енергетската безбедност, недостигот на човечки капитал, нарушувањето во синџирите на снабдување, трговските бариери, сајбер безбедноста и климатските прашања, Американските стопански комори ги повикуваат регионалните лидери да ги забрзаат реформите и соработката во насока на усогласување на своите државни економии со правилата на Европската Унија, нејзините дигитални и зелени агенди, како и за унапредување на односите со Соединетите Американски Држави, се вели во соопштението од АмЧам Северна Македонија.са/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан