Американскиот Конгрес усвои нацрт-закон за да спречи прекин на работата на владата
- Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои законски предлог за привремено финансирање на владата за да се спречи нејзин делумен прекин во работата в петок на полноќ.

Вашингтон, 15 ноември 2023 (МИА) - Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои законски предлог за привремено финансирање на владата за да се спречи нејзин делумен прекин во работата в петок на полноќ.
Предлогот имаше широка двопартиска поддршка - 336 гласаа за (209 демократи и 127 републиканци) и 95 против (93 републиканци и двајца демократи).
Следува дебата во Сенатот, каде мерката ја поддржаа и демократските и републиканските лидери, а законот мора да биде усвоен од двата дома на Конгресот пред претседателот Џо Бајден да го потпише. паг/
Фото: МИА архива