• вторник, 24 декември 2024

Американската пчела исчезнува

Американската пчела исчезнува
Лос Анџелес, 14 октомври 2021 (МИА) - Неверојатен пад на популацијата на тн. американски пчели е забележан последниве две десетлетија. Губењето на живеалиштето, болестите и пестицидите се главни причини за исчезнување на овие инсекти, а тие се главни опрашувачи за домати, дињи, пиперки, јагоди и други битни култури. Истражувачите неодамна открија дека популацијата на овие пчели се намалила за 89 отсто за 20 години и тие се на работ на истребување. Тоа би можело значително да влијае врз земјоделството и целиот екосистем. Американските власти сега размислуваат да го класифицираат инсектот како „загрозен вид“, првпат во историјата на САД. Официјално позната како Bombus pensylvanicus, американската пчела исчезна целосно од осум американски држави: Мејн, Њу Хемпшир, Род Ајленд, Вермонт, Ајдахо, Северна Дакота, Орегон и Вајоминг. Во Њујорк падот изнесува 99 отсто. Кај 19 други подвидови исто така има пад од над 50 отсто.  си/сд/

Остани поврзан