• среда, 25 декември 2024

Американската министерка за финансии ги предупреди кинеските компании да не и помагаат на Русија

Американската министерка за финансии ги предупреди кинеските компании да не и помагаат на Русија

Гуангжу, 6 април 2024 (МИА) - Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска ги предупреди кинеските компании да не и помагаат на Русија на кој било начин, објавија странските агенции.

„Компаниите, особено кинеските, не треба да даваат материјална поддршка за руската војна против Украина, за руската одбранбена индустрија“, нагласи Јелен во Гуангжу.

Таа се закани со „сериозни последици“ за оние кои го прават тоа.

Американската министерка за финансии од четвртокот е во посета на Кина.

Таа е уште еден претставник на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, кој го повика Пекинг да не и помага на Москва.

Кина се обидува да посредува за решавање на украинскиот конфликт, но не ја осуди целосната инвазија на Русија на соседната земја. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан