• вторник, 24 декември 2024

Американската амбасада на Хаити ги повика Американците да ја напуштат карипската земја што е можно поскоро

Американската амбасада на Хаити ги повика Американците да ја напуштат карипската земја што е можно поскоро

Порт о Пренс, 31 август 2023 (МИА) - Американската амбасада на Хаити ги повика американските граѓани да ја напуштат карипската земја „што е можно поскоро“, наведувајќи ја влошената безбедносна ситуација на Хаити.

„Американските граѓани на Хаити треба да ја напуштат земјата што е можно поскоро со комерцијален или приватен превоз“, се вели во соопштението на американското дипломатско претставништво.

Ескалацијата на војната меѓу криминалните банди на Хаити стана причина за хуманитарна криза.

Според Обединетите нации, околу 200.000 луѓе се внатрешно раселени, а на околу 5,2 милиони луѓе (речиси половина од населението на Хаити) им е потребна хуманитарна помош. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан