• сабота, 23 ноември 2024

Американец од стар автобус си направил дом на тркала

Американец од стар автобус си направил дом на тркала
Бостон, 22 март 2021 (МИА) - Крејг Гордниер, 27-годишен Американец, по завршувањето на должностите во Американската крајбрежна стража, лани сакал да отпочне нов бизнис. Но, корона-пандемијата го спречила во тоа и тој останал затворен во домот на своите родители во Масачусетс, оттаму да бара работа. Момчето во меѓувреме се сетило дека може да ги следи оние креативци кои на интернет објавуваат како од стари возила прават свои нови „изуми“. Така, со својата заштеда од 40.000 долари, си купил стар училиштен автобус во Јужна Дакота, на цел ден возење од неговиот дом, како и други половни предмети за „новото живеалиште“. Старото возило веќе било начнато, па Крејг можел само да го доврши, доуредувајќи со она што за некои луѓе е ѓубре, а за него самиот - богатство. - Се почувствував, во еден миг додека работев на автобусот, како Ное кога ја градеше Арката. Луѓето ќе застанеа и ќе ми дадеа старо дрво и материјали. Тоа беше навистина супер!, рече момчето. Така, тој си направил дом на тркала по свој вкус, кој меѓу другото, е во возна состојба.  си/сд/

Остани поврзан