• сабота, 23 ноември 2024

Амбасадорот Лозано Гарсија во Собранието ќе ги презентира приоритетите на шпанското претседателство

Амбасадорот Лозано Гарсија во Собранието ќе ги презентира приоритетите на шпанското претседателство

Скопје, 11 јули 2023 (МИА) - Амбасадорот на Шпанија Хозе Луис Лозано Гарсија денеска пред членовите на Комисијата за европски прашања и на Националниот совет за европски прашања ќе ја презентира Програмата и Приоритетите за работата на шпанското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули-декември 2023 година. 

Приоритетите на шпанското претседателство со ЕУ меѓу останатото опфаќаат „реиндустријализација на ЕУ“ и обезбедување на нејзината стратешка автономија, напредок во спроведувањето на зелената транзиција и заштитата на животната средина, промоција на поголема социјална и економска правда и зајакнување на европското единство.

Еден од приоритетите на шпанското претседавање, кој завршува на 31 декември, ќе биде зајакнување на заложбата за стабилизација, закрепнување и реконструкција во Украина. ев/мд/

Фото: Архива 

Остани поврзан