• среда, 25 декември 2024

Амбасадорите на ЕУ во земјава во посета на Општина Крива Паланка 

Амбасадорите на ЕУ во земјава во посета на Општина Крива Паланка 
Крива Паланка, 23 септември 2022 (МИА) - Аамбасадорите од земји членки на Европска унија во РС Македонија, предводени од шефот на делегацијата на ЕУ во нашата земја, Дејвид Гир денеска во рамки на редовниот годишен работен состанок, остварија средба со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Митовски им се заблагодари од име на Општина Крива Паланка за нивниот избор токму во неговиот град да го одржат својот редовен годишен состанок, а упати благодарност и кон Европската Унија и сите земји членки на големото европско семејство што оваа година нашата држава ги започна пристапните преговори за полноправно членство во Унијата. - Општина Крива Паланка има значајна и силна поддршка од фондовите на ЕУ, преку  ИПА програмата за прекугранична соработка, со Србија, Косово и Бугарија, а ние сме една од лидер-општините во државата по искористување на овие фондови. Досега со  средства до ЕУ фондовите од прекугранична соработка во Крива Паланка се инвестирани над три милиони денари, а преку останати проекти од национални програми преку ЕУ - околу седум милиони денари. Имаме и одлична билатерална соработка со амбасадите, така што, значењето на поддршката што ни ја пружа и овозможува во континуитет Европската Унија за нас  како мала општина  е огромно, истакнал Митовски, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка. Тој посочил дека во име на европските вредности и отворање нови перспективи за живот на младите, на населението од сите генерации, работат неуморно и посветено, градејќи мостови на соработка, за подобра перспектива на сите граѓани. Амбасадорите на ЕУ одржаа работен состанок во Европската куќа Крива Паланка, остварија средба со градоначалникот Митовски и со Советите на млади од општините Крива Паланка, Кратово и Куманово. ид/цр  

Остани поврзан