• понеделник, 10 март 2025

Амбасада на САД во Сараево: Потезите на Република Српска се провокација и закана за безбедноста

Амбасада на САД во Сараево: Потезите на Република Српска се провокација и закана за безбедноста

Сараево, 7 март 2025 (МИА) - Амбасадата на САД во Сараево ги оцени последните потези на властите на Република Српска (РС) како „намерна провокација кон уставниот поредок на БиХ и директна закана за стабилноста и безбедноста на државата, како и за стратешките цели на САД“.

Во соопштението објавено на платформата Икс, американската амбасада изрази длабока загриженост поради „противуставните и антидејтонски закони“ донесени од парламентот на РС, како и за указот за нивна примена, потпишан од претседателот Милорад Додик.

„Им порачуваме на сите политички лидери, особено на оние кои стојат зад овие одлуки: воздржете се од понатамошна дестабилизација и провокативна реторика. Вклучете се во конструктивен и одговорен политички дијалог. Поддржете ги демократските институции на БиХ и владеењето на правото“, се наведува во соопштението.

САД нагласуваат дека цврсто го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ и нејзиниот пат кон евроатлантската интеграција.ссм/

фото: архива

Остани поврзан