• недела, 28 јули 2024

Ал-Kелаифи го посети утринскиот тренинг на тимот

Ал-Kелаифи го посети утринскиот тренинг на тимот

Париз, 7 април 2023 (МИА) - Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Келаифи го посети денешниот тренинг на тимот.

 

Според „RMC Sport“, функционерот присуствувал на утринскиот тренинг. Тимот се подготвува за натпреварот од Лига 1 со Ница. Ал-Келаифи одржа состанок со стручниот штаб.

 

Натпреварот на ПСЖ со Ница ќе се одигра утре, 8 април со почеток во 21 часот.

 

Претходно парискиот клуб објави видео за носителите на сезонски билети за натпреварите на клубот во кое ги повика да ги обноват. Од сите играчи на тимот, само Мбапе глуми во видеото. Килијан го критикуваше видеото, изјавувајќи: ПСЖ е голем клуб и големо семејство, но тие не се Килијан Сен Жермен. Незадоволен од ваквата идеја на ПСЖ беше и Ал-Хелаифи. зс/

 

Фото: Твитер

Остани поврзан