• сабота, 27 јули 2024

Ал Хилал ќе му понуди 40 милиони евра на Фулам за Митровиќ, фудбалерот инсистира на трансфер

Ал Хилал ќе му понуди 40 милиони евра на Фулам за Митровиќ, фудбалерот инсистира на трансфер

Ријад, 18 јули 2023 (МИА) - Ал Хилал ќе ја подобри понудата на Фулам за Александар Митровиќ. 

 

Според новинарот Бен Џејкобс, саудискиот клуб е подготвен да му понуди на Фулам 40 милиони евра за српскиот напаѓач. 

 

Митровиќ инсистира да се пресели во Ал-Хилал. Претходно се дозна дека напаѓачот се договорил со клубот за условите на личниот договор. 

 

Беше објавено дека Фулам не го пушта Митровиќ за 30 милиони евра. Одбиена е и втората понуда од 35 милиони евра. Се истакнува дека клубот го смета Митровиќ за неприкосновен. зс/ 

 

Фото: Твитер

Остани поврзан