• вторник, 24 декември 2024

Ал Каеда ги повика „синовите на исламот“ да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници насекаде 

Ал Каеда ги повика „синовите на исламот“ да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници насекаде 

Газа, 14 октомври 2023 (МИА) – Терористичката мрежа Ал Каеда ги повика симпатизерите да почнат да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници ширум светот.

„Џихадот против агресивните Евреи и нивните сојузници нека се прошири на секоја земја, море и небо“, се наведува во соопштението објавено вчера преку вообичаените пропагандни канали на терористичката мрежа, пренесе Хина.

„Синовите на исламот треба да ги нападнат ционистите“ на улиците на Дубаи, Абу Даби, Саудиска Арабија и Бахреин, пишува Ал Каеда.

Терористичката група ги повика симпатизерите и другите исламисти да им се придружат во борбата.

Исламистичката милитантна група Хамас минатата сабота изврши масакри на југот од Израел, убивајќи над 1.300 лица во израелските погранични градови и на музички фестивал, а повредија 3.391.

Палестинското Министерство за здравство наведе дека во израелскиот одговор досега во Газа се загинати над 1.900 Палестинци, а повеќе од 7.696 се ранети.

Ал Каеда ги повика милитантите да ги нападнат поддржувачите на Израел.

„Затресете го тлото под американските воени бази, нивните аеродроми и амбасади во нашите исламски региони. Затоа што од нивните магацини муницијата оди во Израел и паѓа врз главите и градите на нашите браќа Палестинци“, се додава во соопштението на терористичката мрежа.

Меѓутоа, останува отворено прашањето колкаво е влијание на оваа терористичка група.  сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан