Алфа Каба пуштен на домашно лекување
- Кошаркарот на Будуќност, Алфа Каба кој вчера колабираше во една банка во Подгорица, е пуштен на домашно лекување.

Подгорица, 27 октомври 2022 (МИА) – Кошаркарот на Будуќност, Алфа Каба кој вчера колабираше во една банка во Подгорица, е пуштен на домашно лекување.
Центарот на подгоричкиот тим беше префрлен во Клиничкиот центар Црна Гора каде му беа извршени детални медицински прегледи по што е пуштен на домашен одмор.
Претходниот ден Каба играше натпревар.
Кошаркарот на почетокот поради воспаление на белите дробови пропушти неколку натпревари на Будуќност. зс/