Алтернатива: Работните групи на ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ постигнаа договор Африм Гаши да го предложат за претседател на Собранието
- Работните групи на ВЛЕН, како легитимен претставник на Албанците и ВМРО ДПМНЕ како победничка партија во рамките на преговорите за формирање на новата влада успешно го завршија процесот на интегрирање на изборните програми и постигнаа договор за претседател на Собранието да се предложи Африм Гаши.

Скопје, 28 мај 2024
Работните групи на ВЛЕН, како легитимен претставник на Албанците и ВМРО ДПМНЕ како победничка партија во рамките на преговорите за формирање на новата влада успешно го завршија процесот на интегрирање на изборните програми и постигнаа договор за претседател на Собранието да се предложи Африм Гаши.
Во меѓувреме ја информираме јавноста дека работните групи интензивно продолжуваат со преговорите до финализирање на договорот за вториот и третиот ешалон. Многу брзо како држава ќе добиеме европски ориентирана влада, посветена за економски развој, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Алтернатива
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА Архива