• сабота, 23 ноември 2024

Алтернатива: ДУИ креира лажни вести, Гаши ќе присуствува на Самитот на НАТО

Алтернатива: ДУИ креира лажни вести, Гаши ќе присуствува на Самитот на НАТО

Скопје, 7 јули 2024 

Опозициската ДУИ наместо да работи на сопствено реформирање, се занимава со дистрибуција на лажни вести. Од нив ништо веќе не зависи, а најмалку кој кога ќе отпатува во САД и со кого ќе се сретне. Да имаа навремени информации од стратешкиот партнер немаше вака да се срамат. Но, тоа говори за нивниот кредибилитет да говорат за и во име на Албанците. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, како носител на највисоката државна должност во законодавната власт има сопствена агенда во Вашингтон, која се организира од денот на неговиот избор. Жалиме што ДУИ избра многу погрешни методи да се обидува да креира незадоволство кај Албанците. Но, ние знаеме зошто ги форсираат овие наводни приказни за намалена застапеност на Албанците. Се обидуваат да ги сокријат трагите за сопствените гревови. Уште  должат одговори на јавноста зошто му нудеа на Мицкоски да влезат во Влада наместо ВЛЕН со четири министри, без Претседател на Собрание заедно гаранции дека локалните избори догодина ќе одработат неговите кандидати Македонци да станат градоначалници на Кичево и Струга? 

Алтернатива 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан