• среда, 25 декември 2024

Алрој-Преис: Израел можеби никогаш нема да постигне колективен имунитет

Алрој-Преис: Израел можеби никогаш нема да постигне колективен имунитет
Ерусалим, 8 февруари 2021 (МИА) - Израел можеби никогаш нема да биде во состојба да  постигне колективен имунитите дури и ако целото население се вакцинира, бидејќи во земјата живеат 2,5 милиони деца кои не можат да бидат вакцинирани, изјави директорката на Службата за јавно здравје Шарон Алрој-Преис. Таа синоќа во израелскиот Парламент ги претстави своите проценки за состојбата со Ковид-19, истиот ден кога во Израел почна постепено укинување на рестриктивните мерки по 40-дневниот карантин. Алрој-Преис истакна дека мерките биле ефикасни и оти стапката на репродукција на вирусот се намалил од 1,3 на 0,99. Во Израел вчера беше укината мерката за движење само во радиус од еден километар од местото на живеење, отворени се националните паркови, археолошките наоѓалишта, рестораните кои нудат храна за носење, како и компаниите кои директно не работат со странки. ми/

Остани поврзан