Алонсо: Мораме да учиме од грешките
- Екипата на Реал Мадрид доживеа убедлив пораз во полуфиналето на Светското клупско првенство од ПСЖ со 4:0

Мајами, 10.јули 2025 (МИА) - Екипата на Реал Мадрид доживеа убедлив пораз во полуфиналето на Светското клупско првенство од ПСЖ со 4:0. По овој неуспех тренерот на „кралскиот клуб“ Чаби Алонсо, истакна дека поразот е болен за сите во клубот.
- ПСЖ одигра навистина добро, тие се веќе две сезони заедно, додека ние сме кус период, игравме практично без тренинг. Мораме многу да работиме. Двата „брзи“ гола оставија огромен притисок кај сите нас. Мораме да учиме од грешките, изјави Алонсо.
Новиот тренер на Реал очекува дека во екипата набрзо ќе стигне и некое ново засилување. мн/
Фото: ЕПА