• среда, 25 декември 2024

Ал-Келаифи: Не можеме да запреме сега

Ал-Келаифи: Не можеме да запреме сега
Лисабон, 19 август 2020 (МИА) - Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Келаифи му честиташе на тимот кој се пласира во финалето во Лигата на шампионите и порача дека одат до крај. - Ова е историска вечер за клубот. Неверојатно. Горд сум на клубот, ова е наше прво финале. Ова е наш сон, но не можеме да запреме сега, изјави Келаифи за „РМЦ“. Во полуфиналето, парижаните синоќа во Лисабон го совладаа Лајпциг со 3:0 и изборија финале. Вториот финалист ќе биде познат вечерва по средбата Лион - Баерн. зс/

Остани поврзан