• сабота, 27 јули 2024

Ал-Келаифи: Верати ќе остане легенда на ПСЖ

Ал-Келаифи: Верати ќе остане легенда на ПСЖ

Париз, 10 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на ПСЖ, Ал-Хелаифи, искажа комплименти за играчот од средниот ред Марко Верати кој кариерата ќе ја продолжи во катарскиот Ал-Араби. Цената на трансферот се проценува на 45 милиони евра. 

- За мене тој беше еден од најдобрите играчи на ПСЖ. Можеби неговиот потпис беше една од најквалитетните инвестиции што ги направи нашиот клуб - го купивме за само 11 милиони евра, ако се сеќавам добро. Марко за нас играше 11 години, а во секоја сезона беше еден од најдобрите. Верати ќе остане легенда на ПСЖ, изјави Ал-Келаифи за „Le Parisien“. 

Верати играше за Пари Сен-Жермен од јули 2012 година, станувајќи деветкратен француски шампион и шесткратен победник на националниот куп.  

Како дел од италијанската репрезентација стана европски првак во 2021 година. зс/ 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан