• сабота, 23 ноември 2024

Алкараз по поразот од Ѓоковиќ: Заминувам со крената глава, направив се што можев на теренот

Алкараз по поразот од Ѓоковиќ: Заминувам со крената глава, направив се што можев на теренот

Париз, 4 август 2024 (МИА) - Карлос Алкараз не успеа повторно да го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на еден голем турнир. Српскиот тенисер овој пат беше подобар во мечот за златниот медал на Олимписките игри.

Алкараз во финалето одигра високо ниво на тенис, но Ѓоковиќ едноставно беше посилен во клучните моменти.

-Моето ниво беше многу високо, презадоволен сум од играта, но малку сум разочаран што не одиграв најдобро во некои ситуации, во неизвесни моменти, во тај брејкови. Нивото на Новак беше одлично и не можев да го следам. Малку сум тажен поради тоа, но се останато... Одиграв одличен турнир, имав одличен натпревар, горд сум на себе. Новак беше гладен и впечатлив, не ми даде шанса и честитки до него. Заминувам со крената глава, направив се што можев на теренот, ќе се вратам уште посилен, изјави Шпанецот по мечот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан