• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Алкалоид со победа го заврши регуларниот дел на Суперлигата

Алкалоид со победа го заврши регуларниот дел на Суперлигата

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Ракометниот клуб Алкалоид со победа од 29:26 над ГРК Охрид го заврши регуларниот дел на Суперлигата и во плејофот пренесува два бода!

Најдобар стрелец во екипата беше Мартин Серафимов со осум гола, пред Мартин Ивановски со шест гола.

Следен натпревар за тимот е во Европскиот Куп на ЕХФ на 30 март, каде игра дуел за место во полуфиналето против романска РК Баја Маре.

Натпреварот почнува од 19:00 часот. дс

Фото: Фејсбук/РК Алкалоид

Остани поврзан