• понеделник, 23 декември 2024

Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп

Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп

Скопје, 30 ноември 2024 (МИА) – Ракометарите на Алкалоид изборија пласман во осминафиналето на Европскиот куп, откако по втор пат за само 48 часа го совладаа тимот на Вест Виена.

Скопските „фармацевти“ вечерва во салата „Автокоманда“ забележаа победа со 32:29.
Најефикасни во македонскиот состав беа Мартин Серафимов  и Александар Петковски со по седум погодоци. На голот Марко Кизиќ забележа седум одбрани, Иван Галевски пет.

Алкалоид и вчеравечер забележа убедлива победа (38:27) и со вкупни 70:56 се првиот осминафиналист во третото по квалитет клупско европско ракометно натпреварување.

Другите осминафиналисти ќе бидат познати следната недала по одигрувањето на реваншите од 1/16финалната фаза. зс/

Фото: РК Алкалоид

Остани поврзан