• понеделник, 23 декември 2024

Алијанса на Албанците: Апелациониот суд ја прифати жалбата на Таравари, го врати предметот на повторно судење

Алијанса на Албанците: Апелациониот суд ја прифати жалбата на Таравари, го врати предметот на повторно судење

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - Од фракцијата на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците денеска информираа дека Апелациониот суд во Гостивар го вратил на повторно судење предметот за печатите на партијата.

- Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесена од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, партиските печати да и припаднат на фракцијата што и се придружи на ДУИ. Имајќи ги предвид доказите депонирани во Апелациониот суд во Гостивар, се очекува конечната одлука да биде во наша корист и партијата заедно со печатите да остане кај нејзиниот легитимен претседател Арбен Таравари, се вели во соопштението. бак/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан