• вторник, 24 декември 2024

Алијанса за Албанците-крило на Арбен Таравари одреди кандидати за пратеници на заедничките листи на коалицијата „Вреди“

Алијанса за Албанците-крило на Арбен Таравари одреди кандидати за пратеници на заедничките листи на коалицијата „Вреди“

Тетово, 1 април 2024 (МИА) - На централно собрание на Алијанса за Албанците (АА)  во Тетово, крилото на Арбен Таравари ги избра кандидати за пратеници кои ќе бидат дел од заедничките листи на коалицијата „Вреди“.  

АА на Таравари ќе има само еден носител на изборна листа во ИЕ5, а тоа е Салим Сулејмани од Струга.

-Минимум очекувам шест можеби и седмиот од АА ќе видиме. На изборите веќе евидентно според анкетите стоиме многу добро, изјави Арбен Таравари по завршување на собранието.

Како што извести Таравари во ИЕ1, неговата партија ќе ги кандидати за пратеник на четвртото место, но името ќе се дознае по допоилнителни консулатации.  

-Во втора изборна единица на втора позиција ќе биде Ријат Шаќири од Општина Липково и на трето место заедничко име со Демократско Движење, а четвртото ќе биде на АА. Името се надевам ќе го јавиме по дополнително консулатации. Во ИЕ3 и ИЕ4 ќе имаме кандидати. Имаме повеќе имиња. Ни треба повеќе време да се консултираме. Не се партиски имиња, туку независни имиња. Затоа зедов автортизириање од централното собрание за да можеме да ги изберем личностите кои што ќе имаат влијание во тој регион, рече Таравари.

Во шестата изборна единица, третата позиција е на АА.

-Имам уште една консултација за да го кажам името за еден час, госпоѓа од Тетово. Четврта позиција ќе биде Халил Снопче, и седма позиција ќе биде Салим Сулејмани од огранок Боговиње.

Како носители на листи коалицијата „Вреди“ ги одреди Изет Меџити во „единицата“, Африм Гаши во ИЕ2, Биљал Касами во ИЕ6 и Салим Сулејмани во „петката“. ас/аа/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан