Алити: Вклучувањето на невладиниот и приватниот сектор е услов за успех на дигиталната трансформација
- Невладините организации се во подобра позиција да комуницираат со граѓаните и да креираат податоци кои би се трансформирале во јавни политики, смета министерот.

Скопје, 19 ноември 2022 (МИА) - Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити смета дека вклучувањето на невладините организации и приватниот сектор е услов за успех на дигиталната трансформација.
Како што вели Алити во интервју за „WeBER Talks“, невладините организации се во подобра позиција да комуницираат со граѓаните и да креираат податоци кои би се трансформирале во јавни политики.
Но, нагласува министерот, неопходно е вклучување и на приватниот сектор.
- Кога станува збор за дигитализацијата, мора да комуницираме и со приватниот сектор, не само со невладините организации, а кога тоа ќе создаде одговор од различни страни вклучени во момент кога нешто спроведувате, тоа е обично услов за успех, рече Алити во интервјуто. фф/мч/
