• вторник, 26 ноември 2024

Алиоски потпишува нов договор со Лидс пред јануарскиот преоден рок

Алиоски потпишува нов договор со Лидс пред јануарскиот преоден рок
Лидс, 11 декември 2020 (МИА) – Преговорите меѓу Лидс и македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски се во „завршна фаза“ и се очекува да финишираат со нов договор „во следните неколку недели“. Ова, како што пренесува МИА, денеска го објави „Фудбал инсајдер“, цитирајќи неименуван клупски извор од премиерлигашот Лидс. Според „Фудбал инсајдер“ намерата на премиерлигашот е да го „врзе“ Алиоски со нов долгогодишен договор пред јануарскиот преоден рок. Новиот договор веќе е на преговарачката маса меѓу Лидс и Алиоски, а македонскиот репрезентативец би останал во клубот од Јоркшир најмалку до 2024 година за неделна плата од 30.000 фунти. Алиоски (28), чиј договор со Лидс истекува идното лето, неодамна во интервју за британскиот сервис Би-Би-Си изјави дека „со голема љубов би останал во Лидс“. ег/фф/

Остани поврзан