• сабота, 06 декември 2025

Алекс Маркез победник на трката за Големата награда на Каталонија

Алекс Маркез победник на трката за Големата награда на Каталонија

Барселона, 7.септември 2025 (МИА) – Алекс Маркез е победник на денешната трка во шампионатот на Мото ГП. Возачот на Гресини беше најбрз на патеката „Каталуња“ и стигна до втората победа во сезоната и во кариерата.

Второто место му припадна на Марк Маркез од Дукати и на тој начин беше прекината неговата серија од седум победи, а на третата позиција заврши Енеа Бастијанини од Ред Бул КТМ.

Во генералниот пласман води Марк Маркез со 487 бодови, пред Алекс Маркез со 305, а трет е Бањаја со 237. Следната трка се вози на 14.септември за Големата награда на Сан Марино. мн/

Фото: Х

Остани поврзан