Александар Обедниковски ќе поднесе оставка од директор на ЈЗУ Клиничка болница-Битола
- Повод за повлекувањето на Обедниковски од функцијата прв човек на битолската болница е најновниот инцидент во таа здравствена установа, односно смртта на новороденче која беше регистрирана во болницата, а за што денеска министерот за здравство Фатмир Меџити изврши вонредна посета во Битола.

Битола, 10 април 2023 (МИА) - Д-р Александар Обедниковски, генерален директор на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, најави дека утре ќе поднесе оставка од морални причини.
Повод за повлекувањето на Обедниковски од функцијата прв човек на битолската болница е најновниот инцидент во таа здравствена установа, односно смртта на новороденче која беше регистрирана во болницата, а за што денеска министерот за здравство Фатмир Меџити изврши вонредна посета во Битола.
Како што е познато неодамна во ЈЗУ Клиничка болница-Битола почина и 6-годишното девојче Јана Христовска за што се води истрага, а битолчани во знак на протест организираа мирни собири во овој град.мт/
Фото: МИА