Алегри прогласен за најдобар тренер во ноември во Серија А
- Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е прогласен за најдобар тренер во Серија А во ноември, објави прес-службата на лигата.

Рим, 5 декември 2023 (МИА) - Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е прогласен за најдобар тренер во Серија А во ноември, објави прес-службата на лигата.
Во три ноемвриски натпревари од италијанскиот фудбалски шампионат, Јувентус забележа две победи и одигра нерешено со Интер (1:1).
Жирито составено од уредници на спортски медиуми го оценуваше секој тренер врз основа на технички и спортски критериуми за перформансите на тимовите, како и ферплејот.
По 14 кола во Серија А, Јувентус е на второто место во Италијанското првенство со 33 бода. Лидер е Интер со 35 бода.
Алегри и покрај добрите игри на Јувентус, најави заминување од тимот на крајот на сезоната поради голем притисок од навивачите и како што има изјавено постојаните критики упатени на негова адреса. зс/
Фото: ЕПА