• среда, 07 август 2024

Албански медиуми: За шест дена на преминот Ќафасан минале над 70 илјади патници

Албански медиуми: За шест дена на преминот Ќафасан минале над 70 илјади патници

Дебар, 6 август 2024 (МИА) – На граничниот премин „Ќафасан“ на македонско – албанската граница, кај Струга, од 30 јули до 4 август регистрирани се над 70 илјади патници, што е за 20 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.

- Поради летната туристичка сезона и пристигнувањето на иселениците во родните места, во двете земји, нивниот број е во постојан раст. Според информациите од надлежните на преминот се работи со полн капацитет и често со забрзана постапка за да не се создаваат редици и чекање, пренесоа албанските медиуми.

Додаваат дека зголемен проток се бележи во утринските и попладневните часови на денот.

Најголема фреквенција е забележана во неделата, на трети  август кога границата ја минале 13.828 патници од нив за влез на албанска територија  8.217 додека на излез 5.611 патници. вт/цр

Фото: Гранична полиција Албанија

Остани поврзан