• понеделник, 16 декември 2024

Албанскиот претседател и премиер и го честитаа реизборот на Лајен

Албанскиот претседател и премиер и го честитаа реизборот на Лајен

Тирана, 18 јули 2024 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама и честиташе на Урсула фон дер Лајен по реизборот за претседателка на Европската комисија наведувајќи дека „со нетрпение очекува да ја продолжат работата за влез на Албанија во ЕУ“.

Тој додаде дека гласањето во Европскиот парламент за реизбор на Лејен е моќна порака што го означува почетокот на новото поглавје во управувањето со ЕУ.

- Албанија го дочека реизборот со обновена надеж и целосна доверба во раководството на Урсула. Ја цениме нејзината јасна позиција за Западен Балкан во говорот одржан денеска во Европскиот парламент. Со нетрпение очекувам да продолжам да работам со претседателката на Комисијата за да ја внесеме Албанија во ЕУ и дополнително да ја интегрираме ЕУ со Западен Балкан, напиша Рама.

Честитка до Лајен упати и претседателот Бајрам Бегај, порачувајќи да „работиме кон финализирање на членството во ЕУ“.

Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме блиската соработка на Албанија со ЕУ, додека работиме на финализирање на нашето членство, напиша Бегај. вт/ми/

 

Остани поврзан