• вторник, 24 декември 2024

Албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши, повикан на распит во СПАК

Албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши, повикан на распит во СПАК

Тирана, 5 март 2024 (МИА) – Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши, денеска два часа беше на распит во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, јавија медиумите.

Тој се јавил на поканата на СПАК, но засега не се знае зошто специјалните обвинители го повикале, иако се смета дека е во врска со скандалот „Силикон микс“, во времето кога Пелеши беше министер за земјоделство.

Топ Чанел во 2019 година објави дека големо количество пестицид наречен „Силикон микс“ се продава во Албанија како хемиско ѓубриво. Земјоделците го купиле и го употребиле, при што беа предизвикани штети на насадите со цреши. „Силикон микс“ беше забранет за продажба од Агенцијата за храна и ветеринарство, но со наредба на Пелеши забраната беше отстранета и на пазарот беа продадени 4.600 килограми хемикалии.

Пелеши, кој е актуелен министер за одбрана, претходно ја извршуваше функцијата вицепремиер во периодот 2013-2017 година, а од септември 2017 до јануари 2019 година, министер за земјоделство и рурален развој. вт/сд/

 

Фото: принтскрин

Остани поврзан