• среда, 25 декември 2024

Албанската полиција заплени уметнички дела вредни 1,5 милиони евра прошверцувани од Грција

Албанската полиција заплени уметнички дела вредни 1,5 милиони евра прошверцувани од Грција

Тирана, 19 декември 2023 (МИА) – Албанската полиција разбила криминална група, која од Грција шверцувала икони, уметнички слики, мермерни скулптури од периодот пред Христовото раѓање, чија вредност се проценува на над 1,5 милиони евра.

Според Лоренц Панганка, директор на локалната полициска управа Фиер, во рамки на полициската акција „Вредност“, уапсени се две лица на возраст од 51 и 57 години, жители на Фиер, кои во соработка со други, засега неидентификувани лица, шверцувале уметнички дела од грчката држава за да ги продаваат во Албанија.

- При претрес во нивните домови се пронајдени и како материјални докази одземени 107 уметнички дела за кои постојат основи на сомение дека се прошверцувани од грчката држава, вредни околу 1,5 милиони евра, изјави Панганка.

Во акцијата запленето е и комбе возило со кое ги превезувале украдените вредни предмети, потоа воена муниција, поголема количина на дрога канабис сатива и електронска вага. вт/паг/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан