Албанологот проф. д-р Зеќирја Незири, добитник на наградата „22 Ноември“
- Албанологот проф. д-р Зеќирја Незири е годинашен добитник на наградата „22 Ноември“ која се доделува за придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадни
![Албанологот проф. д-р Зеќирја Незири, добитник на наградата „22 Ноември“](https://mia.mk/index.php/images/20221128065204_big_730x400_97.webp )
Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) - Албанологот проф. д-р Зеќирја Незири е годинашен добитник на наградата „22 Ноември“ која се доделува за придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.
Доделувањето на државната награда „22 Ноември“ за 2022 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија ќе се одржи утре напладне во Собранието. ев/дма/