Албанологот проф. д-р Зеќирја Незири, добитник на наградата „22 Ноември“
- Албанологот проф. д-р Зеќирја Незири е годинашен добитник на наградата „22 Ноември“ која се доделува за придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадни

Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - Албанологот проф. д-р Зеќирја Незири е годинашен добитник на наградата „22 Ноември“ која се доделува за придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.
Доделувањето на државната награда „22 Ноември“ за 2022 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија ќе се одржи денеска напладне во Собранието. ев/дма/